Шпагети со болоњезе сос

Ова е едно од моите омилени јадења. Освен вкусот, причина е што секогаш успевам со него да предизвикам насмевка на лицето на луѓето на кои им го подготвувам.

Image

Што е потребно да имате за да го направите овој сос:

Две главици кромид

Едно чешне лук

Еден морков

350 грама мелено месо

Томатно пире

Рузмарин

Пола шоља вода

Image

Подготовка:

На загреана вог тава го ставам ситно исецканиот кромид и го пропржувам да омекне. Потоа ги додавам морковот и лукот (исто така ситно исецкани). Откога ќе се запржат го ставам и меленото месо (на кое преходно ставам мешан зеленчук, сол, бибер, црвен пипер и рузмарин). Го пржам месото со постојано мешање. Кога ќе биде скоро испржено ставам од томатното пире и малку вода, размешувам го намалувам огнот и оставам да се динста додека не испари водата. Потоа варам едно пакетче шпагети. Кога ќе бидат сварени ги мијам со ладна вода. Го враќам тенџерето со шпагетите повторно на оган, додавам маслиново масло и малку ги пропржувам. Како ќе ги сервирате зависи од самите вас.

Image

И тоа е тоа…добар апетит!

Leave a comment